Кју Клукс Клан се уште е активен – овој документарец е доказ (Видео)


Нов документарец ја шокираше јавноста. Во него се зборува за американскиот Кју Клукс Клан за кои се мислеше дека е минато, но според снимките тој е активен и тоа во голема мера.

Во Мисисипи и Вирџинија, Кланот ги негува ритуалите, а што точно се случува открива документарниот филм кој го емитуваше американската ТВ мрежа ABC.

Стивен Хауард, лидерот на ККК од Мисисипи, се согласил да ја одведе филмската екипа до местото во шумата каде што се собираат. Тој признава дека е расист и вели насилството е дозволено за да се постигне расна сегрегација.

“Меѓу белците и црнците нема никакви сличности. Црнците настанале од животните, конкретно од мајмуните. Затоа одговорно тврдам дека доколку Обама повторно биде избран за претседател, во САД ќе избие расна војна. Обама ќе ја упропасти земјата. Она што многумина не го знаат е дека тој планира да изгради логори за белци. Сакаме ли таков човек за претседател?”, вели Хауард.

Сите учесници на снимката одбиле да ги отстранат белите капи поради анонимност. Но тврдат дека кланот е активен и броен. Според официјални податоци пред 2000 година имало 600 членови, а лани имало 1018 членови, регистрирани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1