Полицијата го дознала името на фотографот кој ја сликаше топлес Кејт – ќе се апси


Папарацото кој ја фотографираше принцезата Кејт топлес набрзо ќе биде уапсен, француската полиција успеала да го дознае неговото име.

Фотографиите прво беа објавени во француското списание “Closer”, а потоа го обиколија светот. Семејството на принцот Вилијам тужеше и успеа да добие од францускиот суд забрана за објавување на фотографиите во Франција.

Тие инсистираа и на одговорност на фотографот, но Lorens Pieau уредничка на магазинот одби да го каже името.

Според законот фотографите како извор се заштитени и уредничката повикувајќи се на овој закон одби да го даде името, но сега полицијата успеала да дојде до него.

Франција има строг закон за приватност и фотографот би можел да заврши во затвор. Казната која е предвидена е до 1 година затвор и 36 илјади фунти за кршење на приватноста.

Дека го имаат името на фотографот потврди и обвинителката која работи на случајот Marie-Christine Daubigney.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1