Исчезнала пред 23 години, ја прогласиле за мртва, а потоа се случил пресврт


Жена која како тинејџерка побегнала од дома и за која се сметало дека е мртва, е пронајдена во рускиот град Тули како мајка на три деца, пишува „Раша тудеј“.

Јулија Г. на 13 години побегнала од Волгоград по расправа со родителите, кои со години ја бараа и на крај во 2005 година е прогласена за мртва.Missing-Person isceznata

Се се променило кога на 27 мај полицијата нашла незгрижено дете како спие во парк во Тули, а набрзо се појавила мајка со две деца која тврдела дека е родител на пронајденото дете.

– Се претставила како Јулија Николаевна и рекла дека детето е нејзино. Немаше лични документи, ниту какви било документи кои ќе потврдат дека таа навистина е мајка – изјавија полицајците.

Откако го утврдиле нејзниот идентитет дознале дека е родена на 6 април 1979 и дека е во нивната база.

– Питачела, ноќите ги минувала во православните цркви во Тули кои и пружале засолниште – велат од полицијата.

Мајката на Јулија дошла во градот за да ја види својата ќерка и од полицијата тврдат дека жените веднаш се препознале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1