Силно невреме го зафати Скопје – еве какво ќе биде времето викендов


Силно невреме пропратено со пороен дожд и грмотевици го зафати главниот град. За кратко време наврнаа огромни количини дожд, а дуваше и засилен ветер.dozd skopje

Утре времето ќе биде претежно сончево со локална облачно, попладне во западните, северозападните, североисточните и источните предели нестабилно со врнежи од дожд. Температурите од 19 до 31 степен.

Во недела претежно сончево со локална облачност, попладне само во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со температури од 21 до 33 степени. Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд ќе биде и во понеделник и вторник кога се очекува и опаѓање на максималните температури. Во понеделник од 18 до 30 степени, додека пак во вторник тие ќе се движат во интервал од 20 до 32 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1