Исчезнала пред 3 години, а потоа на таванот пронајдоа скршена даска


Властите во САД велат дека скелетот најден во ѕидот на една куќа во Хјустон е се што останало од нејзината сопствбеничка која од таванот пропаднала во шуплив ѕид, се заглавила и умрела.

Форензичарите официјално потврдија дека немаат доволно докази за да го утврдат или начинот на смртта, но утврдија дека тоа е Мери Черути исчезната пред 3 години.

Изгледа дека 61-годишната сопственичка на куќата којзнае зошто отишла на таванот и „случајно пропаднала низ подот“ и се заглавила во шуплив ѕид, меѓу облогите и инсталациите.

Соседите во февруари 2015 година го пријавија исчезнувањето на Мери Черути, а нејзината куќа подоцна е продадена поради неплатени долгови.

Новите сопственици на куќата во март минатата година најпрво нашле скршена даска на подот од таванот, а потоа под неа, во ѕидот нашле скелет.

Форензичарите минатото лето утврдија дека скелетот со наочари и чевли е – Мери Черути.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1