Првата дама на Северна Кореја во јавноста не е видена повеќе од месец дена, па веднаш почнаа да се слушаат претпоставки дека ја нема затоа што е или трудна или пак нејзиниот живот завршил кобно.
Од кога е јавно потврдено дека Ри Сол Ју е сопругата на Ким Јонг, двојката често можеше да биде забележана во јавност. Ри Сол е позната и по нејзиниот стил на облекување воден од западните принципи, а за разлика од поранешните социјалистички режими, таа често знаела да се појави на службени состаноци.
Како што пренесува медиумот од Северна Кореја, првата дама ја нема веќе 40 дена, а според тамошните информации, нејзиното исчезнување е поврзано со тоа што ги навредила водечките луѓе на работничката партија со својот нековенцијален фустан и недостатокот на патриотизам.
Други пак пуштаат информации во јавноста дека првата дама е трудна. Доколку второто е точно, ова ќе биде второ дете на првата двојка на Северна Корја, а за споменување е тоа што постоењето на првото дете, никогаш не било службено потврдено.