Исчезнале 130.000 швајцарски франци од банкарски сеф во Битола


Педесет и едногодишниот К.Ш. од Ресен во полиција пријавил дека од изнајмен сеф во Комерцијална банка во филијалата во Битола, му недостасуваат 129.400 швајцарски франци.sef2

Последен пат сефот го отворил на 5 август годинава. По извршениот увид во сефот во присуство на оштетениот, службени лица од Комерцијална банка нашле само 70.600 франци и 250.000 денари за кој К.Ш. тврди дека не биле негови.

Со стореното дело непознатиот сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од околу 7.246.400 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1