Бебе старо само 9 недели со неверојатна коса


На толку густа коса може да му завидуваат повеќето возрасни жени. БебетоКокс Нун може да се пофали со бујна фризура, поради која уште го викаат и „мече“. Неговата мајка секојдневно го суши со фен. Неретко завршуваат и на фризер за професионално да му ја исушат косата, бидејќи сушењето по природен пат трае предoлго.bebe-18

„Кога одиме да пазаруваме, сите ја коментираат неговата коса. Шопингот знае да потрае и по два часа, бидејќи сите не застануваат“, вели мајката на малиот Кокс, Челзи.

На Кокс, не му пречи вниманието, тој дури знае и спонтано да им се насмевне на минувачите кои му обрнуваат внимание поради фризурата. Неговите постари браќа, Мичел и Престон, сепак немаат толку бујна коса. Во текот на бременоста, мајката честопати имала мачнина и рефлукс, а според некои верувања, токму тоа ја предизвикува бујната коса кај бебињата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1