Исчезнатата Катарина пронајдена во стан на другар


katarina

Катарина Зариќ (16) со која семејството и пријателите последните пет дена немале никаков контакт, е пронајдена во стан на свој другар во Пожаревац, објавува „Новости“.

Девојчето во придружба на мајката е донесена во просториите на полицијата во овој град, каде треба да раскаже се во врска со своето мистериозно исчезнување.

Нејзниното исчезнување ги пријавила нејзината мајка Снежана. Таа вели дека Катарина не се вратила од роденденот каде рекла дека ќе оди, па почнаа да ја бара со братот. Синоќа Катарина му се јавила на момчето Горан Ѓорѓевиќ од непознат број и наводно го побарала бројот на својата мајка.

Горан претходно изјавил дека последен пат се видел со неа во саботата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1