Петнаесет годишно девојче од Прилеп во неделата попладне, на Велигден, заминала од дома во непознат правец.
Случајот во полицијата вчера го пријавила нејзината мајка А.М. (38).
Вториот случај на исчезнато лице е регистриран во СОС Детското село, каде вработен вчера пријавил дека на 29-ти во 10 часот од домот во непознат правец се одалечила 18 годишната К.М.
Во двата случаи полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.