Исчезнатите Македонец и Босанец во Либија пронајдени живи


Двајцата државјани на Македонија и Босна и Херцеговина, вработени како инженери во италијанска фирма за градежништво во Либија, кои исчезнаа во саботата во градот Зувара, се пронајдени живи. Во времето на исчезнувањето со нив бил и еден италијански државјанин кој сé уште не е пронајден.

Амбасадорот на БиХ во Либија, Ибрахим Ефендиќ, потврдил дека се пронајдени македонскиот и босанскиот државјанин, Петар Матиќ и Емилио Гафури, но не и Италијанецот Марко Валиса.

kidnapirani 1

„Синоќа добив вест дека се ослободени, но немав официјална потврда. Но, утрово ми јавија од Амбасадата на Италија дека Петар Матиќ е ослободен“, изјавил во понеделник Ефендиќ за Klix.ba и додал дека Матиќ, заедно со Македонецот се наоѓаат во италијанската амбасада во Триполи.

Од македонското Министерство за надворешни работи потврдија дека меѓу исчезнатите инженери има и македонски државјанин.

Либиските власти уапсиле едно лице под сомнение дека е поврзано со киднапирањето на странските работници.

Инаку, во јануари беа киднапирани двајца италијански иженери кои беа ослободени по три недели, а сé уште нема никаква вест за еден Италијанец кој беше киднапиран во март.

Македонецот, Босанецот и Италијанецот исчезнаа во саботата. Италијанските медиуми објавија дека пред куќата во која престојувале полицијата го пронашла нивниот автомобил со запален мотор. Нивните мобилни телефони до вчера биле исклучени. Италијанската новинска агенција Ansa објави дека станува збор за инженери од компанијата „Piacentini Costruzion“ од Модена, од која потврдиле грабнување на нивните работени, но не дале детали.

Reuters забележува и дека во Либија е сѐ почесто грабнувањето на дипломатите и странските работници, но и на Либијци, бидејќи властите не се во состојба да ги контролираат локалните племенски милиции кои се бореа за соборување на деценискиот автократ Моамер ел-Гадафи во пролетта 2011 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1