Исидора Бјелица соопшти дека и се повлекле метастазите од ракот


Српската писателка Исидора Бјелица (48) преку својот профил на Фејсбук ги извести своите фанови дека последните медицински наоди се позитивни и дека нејзината здравствена состојба се подобрува.isidora

По неколкугодишна борба со карциномот којнеколку пати и се враќал, Исидора успеала да и го зададе одлучувачкиот удар на подмолната болест. Писателката соопштила дека благодарение на лекарите, сите активни метастази се повлекле.

– Од ситуација во која имав 70 метастази дојдовме до тоа да немам активни метастази како што покажа денешното скенирање. Сигурна сум дека со нивно знаење и вашите молитви во следните превентивни терапии ќе исчезнат и преостанатите . Среќна сум што мојот живот ќе им влее надеж на сите оние луѓе кои мислат дека е готово. Значи нема откажување од надежта никогаш… Мојата радост е бескрајна. Ви благодарам на љубовта и молитвите кои Господ ги слушна – напиша Бјелица на својот профил на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1