ИСИС штом е објавена веста дека копилотот на Герман Вингс, намерно го срушил авионот и притоа уби 148 луѓе, го прогласи Андреас Лубиц за херој. Тогаш оваа вест била прилично нејасна, меѓутоа ден потоа некои работи се разбистрија.
Бројни светски медиуми наведуваат дека Андреас Лубиц, всушност е скриен муслиман. Имено, како што тврди германскиот сајт Speisa.com,Лубиц преминал во ислам. Тие тврдат дека овој Германец поминал во ислам за време на шестомесечната пилотска обука. Освен што тврдат дека бил муслиман, тие исто така наведуваат дека тој бил херој на Исламската држава.
Новинарот Мајкл Манхајмер, кој пишува за германскиот PI-News, тврди дека Германија сега има свој 11 септември и тоа благодарение на Германецот, кој неодамна преминал во ислам.
Работата да биде уште поапсурдна, како еден од доказите се наведува Фејсбук страната, која наводно ја направиле членовите на Исламската држава, која имала еден член пред Фејсбук да го избрише, а тоа бил токму Лубиц.