Технологија постои, авиокомпании не ја сакаат: контролата врз авионот може да се преземе и од земја


Технологијата со помош на која можела да се избегне трагедијата на ербасот А320 на Џерманвингс постои веќе со години, но авиокомпаниите даваат голем отпор кон неа, пишува Дејли мејл. И не се само авиокомпаниите против неа, туку и синдикатите. Имено, кога таквата технологија би влегла во употреба, опасноста од сајбер-тероризам би била поголема.germanwings avion

Системите што од земја овозможуваат управување со авионите и преземање целосна контрола врз нив во случаи како оваа во Франција почнале да се развиваат по терористичките напади во САД на 11 септември 2001.

Но, засега владее голем страв од воведувањето на технологијата поради можноста сајбер терористи да се уфрлаат во системот. Експертите сметаат дека од 11 септември премногу внимание се посветило на тоа да се смисли систем кој ќе оневозможи грабнување на авионите, а премалку за останатите видови безбедност.

mkd.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1