Трета Светска војна на прагот – Русија и Западот молчат а сите наоколу се вооружуваат!


Последните неколку дена скоро сите држави на границите со Русија и близу неа одржуваа воени вежби со американските војници, а оправдувањето за ваков потез е дека така би се обезбедило сигурност и мир во регионот поради конфликтот во Украина.

Иако веќе повеќе од година дена се говори дека постои можност да избие Трета светска војна, денес сите индикации укажуваат на тоа дека е повеќе од извесно.Иако ниедна страна, САД со сојузниците и НАТО на чело од едната страна, и Русија од друга, мудро молчат, нивните потези говорат повеќе од било кои зброви.NATO-pakt-Rusija-620x350-550x300

Ако се земат во предвид сите вести кои се провлекуваат низ медиумите, може да се заклучи дека се припрема нешто големо.Тие се презентираат како секојдневните, нормалн работи.

Договорот во Минск е потпишан на почетокот на февруари по маратонските преговори меѓу Владимир Путин, Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд, како би се смирила ситуацијата на Истокот на Украина.Тој предвидуваше прекинување на огнот од 15 февруари, потоа повлекување на сите страни и нивните наоружени групи, воена опрема и машинерија од Украина, разоружување на сите нелегални групи, уставни реформи во Украина и доделување на посебен статус на Доњецк и областа Луганск.

Иако и по потпишувањето на договорот се водеа борби помеѓу украинските војници и проруските сепаратисти, како што минуваше времето, ситуацијата стануваше се помирна.Или барем така се чинеше.Од време на време се провлекува по некоја информација за борбите на фронтовите во Украина, за експлодирана бомба, за губење на уште невини животи…

Последните две недели почнаа да стигнуваат информации за натрупувањето на амерички трупи на просторот на Источна Европа и за поставување на штитови во земјите на НАТО, како и воени вежби кои во последно време се зачестени.vojska-polska

Така конвојот на амерички оклопни единици минатата недела тргна од Естонија преку Летонија и Литванија кон неговата база во Германија, а пред некој ден  пристигна и во Полска, додека денес поминаа низ Австрија.

ПОЛСКА

Над десетици оклопни возила од типот “Striker“ од Третата дивизија на Вториот вооружен пук учествуваа во вежбата во Полска, која требаше да ја демонстрира спремноста на НАТО да ги заштити своите земји членкии.Генералот Богуслав Пацек, задолжен за одбранбените акции, тогаш изјави дека конвојот треба да им покаже на “оние на исток“ дека НАТО е силен и единствен.

Во тој период , Полската војска ги повика избраните припадници на својот резервен состав да се јават на воена вежба.Генералот тврди дека овој чекор не е нешто необично и дека нема било каква врска со тековната криза во Украина и објасни дека таков начин функционира по кој поединците во обврските да се јават во воената единица во рок од неколку часа е “одличен тест за спремноста на резервите“.

Колку сериозно е сфатена ситуацијата се гледа по тоа кога американската војска ја распореди едната батерија на противракетна одбрана “Патриот“ во близина на Варшава, во пресрет на заедничките вежби со членката на НАТО – Полска.Полска која е членка на НАТО од 1999 година, не поседува сопствен систем за заштита од балистички проектили, и во рок од неколку седмици ќе се донесе одлука од кого ќе го купи тој систем на проектили со среден домет.Најверојатно од САД.

РОМАНИЈА

Романија се угледа на своите сојузници и дозволи НАТО да постави ракетни штитови во нивната земја.Нивните претставници пред неколку дена изјавија дека американските противракетни штитови планирани за Романија се наменети за заштита на НАТО членката од нападите и дека не се закана за Москва.

Реагирањето следело по тоа што амбасадорот на Русија во Данска Михаил Вањин изјави дека Москва би можела да испрати нуклеарни проектили на бродовите на скандинавските земји членки на НАТО, ако таа се приклучи кон противракетниот систем на Алијансата.Романија сака и да ги зајакне нејзините воени капацитети поради “опасност“ пред руските операции во соседна Украин и смета дека ќе добие согласување од ЕУ за зголемување на буџетот за одбрана.

БУГАРИЈА

Бугарија исто така дозволи да на нејзината територија биде отворен нов команден центар на НАТО како би ја обезбедила источната граница на тој сојуз против евентуални руски агресии.Тоа е еден од 6те центри, кој ќе биде поставен во наредните година дена, со цел да се создаде сила за брза интервенција од 5000 војници, како одговор на наводните руски акции во Украина.ukraina22

Пет други нови командни центри треба да се отворат во Полска, Романија и балтикот.Лондон најаи дека на есен ќе го упати најновиот разорувач во романското црноморско пристаниште Констанца.

 – Ниту Романија ниту Велика Британија нема да бидат застрашени со заканите на Алијансата или нејзините членки – изјави британскиот секретар за одбрана Мајк Фалон во тек на еднодневната посета на Букурешт.

БАЛТИЧКИ ЗЕМЈИ

ЛЕТОНИЈА – Во Летонија до 31 март се одржуваат меѓународни воени вежби “Operation summer shield – 12 “ во кои ќе учествуваат повеќе од 1100 војници.Минатата сабота на аеродромот во Риги слетаа три воени авиони со американски војници и оружје.Во вежбите учествуваат и единиците на копнените, воздухопловни и морнарички сили на Летонија, Литванија, САД, Германија, Луксембург и Канада.

ЕСТОНИЈА – Кон крајот на февруари членката на НАТО, Естонија одржа воена парада во пограничниот град Нарви, на само 300 метри од границата со Русија, јави Раша Тудеј, наведувајќи дека Талин е долгогодишниот критичар на Москва кој ја обвинува дека води агресивна политика кон Балтикот.Парадата е одржана во вторникот по повод денот на независноста на Естонија.На смотрата се прикажани повеќе од 140 парчиња на тешко вооружување на НАТО, меѓу кои и четири амерички оклопни возила М1126 Страјкер.Втората НАТО држава Холандија, покажа 4 шведски, комбинирани борбени возила Стридсфордон 90.Претставничкиот дом на Конгресот на САД пред неколку дена усвои резолуција со која претседателот Барак Обама повикува да се испрати смртоносно оружје на Украина како би ја заштитила сувереноста во борбата против проруските сили.

УКРАИНА – САД и испорачаа на Украина десет оклопни возила од типот “хамер“ во пресрет на програмот за воена помош за борба против сепаратистичките сили на истокот на земјата која го подржува Русија, а пратката на аеродромот во Киев ја пречека и претседателот Петро Порошенко.Ukrajinski-regioni-koje-bi-Putin-mogao-da-pripoji-Rusiji

Како Владимир Путин не би останал должен, руската Северна флота и падобранските единици изведоа воени вежби, во кои учествуваа 38.000 војници, повеќе од 55 воени бродови и подморници и 110 авиони и хеликоптери.Дали и тие се припремаат за војна, бидејќи министерството за одбрана, и министерството за надворешни ситуации на таа земја, им наложи на сите компании да ги припремат своите вработени за нуклеарна војна.

Дали се работи за чиста случајност, или пак можеме секој момент да очекуваме дека наскоро би можела да започне Трета светска војна кога сите индикации се овде, ни останува да видиме….

Факт е дека Западот полека го стега обрачот околу Русија и дека е се поблиску до нејзините граници.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1