Најстарата скопска берберница која ги чува спомените од минатото (ФОТО)


Трошна куќарка во близина на местото каде што сега се гради новата општинска зграда.

Тасе Стојовски, сопственикот и единствениот вработен во оваа берберница веќе 43 години се занимава со овој занает. Пред тоа бил чирак во истата берберница и верувале или не берберски дуќан „ Младост“ е во првобитната состојба  од далечната 1952 година, пишува Курир.

foto - kurir.mk

foto – kurir.mk

-Истите огледала, столици, слики од фудбалски тимови на ѕидовите од 52-ра година, истите ножици и четката за четкање на стрижената коса од муштериите, истите столици за „трач“ гостите кои секојдневно ги има во сите берберници, истото осветлување, старото радио кое сеуште работи, дури и таванот и подот се автентични. Но, мислам дека со ниеден збор не може да се опише овој „музеј“ на берберскиот занает освен да се види. Дури и тоа се случува. Ќе дојдат да го видат дуќанот, ќе се изначудат , а некои од нив и седнуваат да ги истрижам. Еве, години наназад овде се стрижи и нашиот градоначалник Митровски. Му ги поткаструвам мустаќите и го шишам по најнова мода, спомнува во шега мајстор Тасе.

Мајстор Тасе е молчелив човек. Еден збор, еден алтан. Како да не е бербер оти тие се, барем така се говори за нив, зборлести.  Ги слуша муабетите и си ја брка работата. Затоа, ако некогаш дојдете во Ѓорче наминете и видете го и овој раритет кој не може веќе да се сретне никаде во скопско.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1