ИСИС им се закани на директорите на Фејсбук и Твитер (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)


Група компјутерски хакери наклонети кон Исламската држава, познати како Синови на армијата на Калифатот, им се заканија на директорите на Фејсбук и на Твитер поради бришење на профилите на поддржувачите на Исламската држава. Заканите биле испратени преку 25-минутна пропагандна видео снимка на која биле прикажани фотографии од директорите на Фејсбук и на Твитер, Марк Цукерберг и Џек Дорси издупчени со куршуми, објави организацијата за компјутерска безбедност СИТЕ, која го мониторира екстремизмот на интернет.isis zakana fejs

На снимката има и порака до двајцата директори со жалби дека од нивните друштвени мрежи се бришат профилите на поддржувачи на Исламската држава.

„Не сте во нашата лига. Ако затворите еден налог, ние ќе преземеме 10 за возврат и наскоро вашите имиња ќе бидат избришани откако ќе ги избришеме вашите сајтови“, се вели во пораката.

Хакерската група тврди дека компромитирала повеќе од 10 илјади индивидуални фејсбук профили, 150 фејсбук групи и повеќе од 5 илјади индивидуални налози на Твитер, кои често се преземаат од симпатизери на Исламската држава.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1