ИСИС објави упатства за џихадистите: Носете крстови додека планирате напади


Прирачникот на 58 страници е на англиски јазик, а може да се најде и на интернет. Тој советува како потенцијалните џихадисти на ИСИС треба да имаат негувани бради, да ставаат колонска вода и ланчиња со крстови, односно христијански симболи, за да остават впечаток дека се христијани.isis terorizam.jpg-500

Прирачникот, кој е наречен „Безбедносни совети за муџахедини-самотници“ (Safety and Security Guidelines for Lone Wolf Mujahideen) не објаснува само како да се избегнат западните безбедносни тајни служби, туку ги сугерира и потенцијалните цели што треба да се напаѓаат.

„Нема сомнеж дека денес, во време на осамените волци, браќата на Западот мора да знаат повеќе важни нешта за успешно да ги извршуваат операциите. Се надеваме дека на нашите браќа што не зборуваат арапски овие совети ќе им се видат интересни, и дека ќе им помогнат во нивните благословени операции“, пишува во прирачникот.

Особено се препорачуваат напади во ноќни клубови, каде што гласната музика и недостигот од излези треба да создадат дополнителна паника.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1