ИСИС преку Whatsapp го договара откупот за заложниците


Две германски медиумски куќи, истражувале како членовите на Исламската држава преговараат со семејствата на заложниците за откуп. Абу Митхал веќе една година им помага на Језиди да го откупат роднината кој го киднапирале терористите на ИСИС.egzekucija isis

-„Често поголем број на луѓе преговараме со ИСИС. Комуникацијата се одвива преку сите можни канали. Јас лично преговарам преку Whatsapp, На тој начин ја договараме цената.“

Кога припадниците на Исламската држава летоска влегоа во Синџар, повече од десет илјади Језиди побегнаа на околиот рид.
Стотици мажи, жени и деца, сепак не успеаја да побегнат, Припадниците на ИСИС или ги убија или ги киднапираа.

Оттогаш се разви своевиден онлајн пазар. Фотографии од заложници, кои на увид ги добиле новинарите на медиумите кои истражувале, праќале преку апликацијата Whatsapp. На продажба се нудат жени и деца, и тоа на припадници на ИСИС и загрижената фамилија.

Абу Митхал би требал да преговара со ИСИС за нивното ослободување. Терористите за ослободување на Самиу и нејзините деца му барале 15.000 долари.Но, таа не е единствената за чие ослободување се договарал Абу Митхал. Тој според неговите математики на ИСИС и префрлил околу 2,5 млијарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1