ИСИС продава човечки органи, лекарите под смртна закана ако одбијат соработка


Ирак ги повика ОН да започнат истрага за трговија со органи од страна на Исламската Држава. Ирачкиот амбасадор вели дека лекарите, доколку одбијат да ги вадат органите од човечките тела, се убивани!

Мохамед Алхаки тврди дека десетици тела со извадени органи се пронајдени во масовните гробници во близина на Мосул во изминатите неколку недели.

– Телата се тука. Дојдете и погледнете. Им недостигаат органи – вели Алхаки.bubreg trgovija organi

Тој тврди дека десетици лекари биле убиени откако одбиле да учествуваат во злосторот.

Николај Младенов, претставникот на ОН во Ирак,  пред Советот на ОН сведочеше дека само минатиот месец 790 лица биле убиени во терористичките напади. Тој зборуваше за бројните извештаи според кои нелегалната трговија со човечки органи за ИСИС служи како дополнителен извор на приходи.

Првите шокантни извештаи за трговија со органи од страна на ИСИС се појавија во декември. Беше цитиран ирачки отоларинголог, Сируван ал Мосули.

Тој за сајтот на  „al-Monitor news“ изјави дека ИСИС ангажира странски лекари кои ја организираат и водат трговијата со органи од болница во Мосул, и дека веќе се собираат големи профити.

Според овој сајт, терористичката организација воспоставила посебна шверцерска единица за оваа цел. чија единствена задача е да продава човечки срца, бубрези и други органи на црниот пазар.

Цитирајќи го ал – Мосули, сајтот пишува: Операциите се извршуваат во болница а органите бргу се спроведуваат низ мрежа за транспорт специјализирана за трговија со органи. Тоа се органи од паднатите борци, ранетите луѓе и киднапираните кои бргу се транспортираат во билница.

Органите се пренесуваат од Сирија и Ирак кон Саудиска Арабија и Турција каде криминални банди ги продаваат низ цел свет .

На овој начин се дополнува огромниот  буџет на терористичката организација – пишува Дејли меил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1