ФОТО Пронашла глава од стаорец во ќесичка со спанаќ


Американка откако ја отворила кесичката со замрзнат спанаќ пронашла откината глава од стаорец во неа. Тери Повис купила спанаќ со намера да направи вечера од него и да го сервира со пилешко месо, но била шокирана кога наишла на глава од стаорец со големина на палецот, пренесува „Дејли стар“..teri-povis-spanac-glava-foto-daily-star-swns-1424184873-617819

– Не ми беше воопшто јасно за што станува збор, и не можев да поверувам дека станува збор за стаорец. Го чепкав неколку минути бидејќи не бев сигурна во што гледам. А кога сфатив бев ужасната – раскажала Тери за американските медиуми.

Американката изјавила дека остатоците од глодарот изгледале многу свежи.

– Главата му беше малку згмечена, но недопрена. Мора да бил замрзат не долго откако главата му била откината – изјавил таа.

Таа се пожаила во фирмата каде што се пакува спанаќот и добила само извинување. Меѓутоа Тери смета дека таму не ја сфатиле сериозно.

– Начинот на кој се однесуваа кон мене како да говореше дека тоа им се случува секој ден. Ми рекоа дека им е жал а спанаќот го вратија во продавницата – се пожалила несреќната жена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1