Исламска држава објави видео снимка на која џихадист на француски јазик се заканува со нови напади против Западот и егзекуција на отпадниците и шпионите во Ирак.
Снимката е објавена на џихадистичките сајтови, а се наведува дека ја снимила медиумската служба на ИД во ирачката провинција Ниневех.
На снимката, џихадист, кој зборува на француски носи маска, воена униформа и пиштол, а под маската може да се види неговата руса коса.
Снимката, според експертите е направена по париските напади од 13 ноември во кои беа убиени 130 лица, а одговорноста ја презеде ИД.
Џихадистот на снимката се заканува дека ИД ќе изврши напади поради кои Западот ќе заборави на нападите од 11 септември 2001 година во САД, како и на парискиот масакр.