Една 85-годишна Австријка искинала на ситни парчиња пари во вредност од речиси милион евра за да им наштети на своите наследници, јавија австристриските медиуми.
Имено, по смртта на старицата, чие име не е наведено, на нејзинот кревет во собата во Домот за стари лица каде живеела, биле пронајдени искинати банкноти во вкупна вредност од 950.000 евра, како и неколку штедни книшки која ја „доживеале“ истата судбина како и парите.
Државниот обвинител Ерих Хабик ја потврди веста, која прв ја објави на дневниот весник „Курир“, додавајќи дека неможе ништо да направи за да им помогне на наследниците.
Весникот „Курир“ пишува дека роднините на осветољубивата старица сепак ќе бидат оние кои „на крајот најслатко ќе се смеат“, затоа што централната Австриска национална банка најавила дека ќе ги замени искинатите парите.
– Доколку наследниците ги пронајдат сите делчиња од парите и под услов да биде утврдено потеклото на парите, тогаш секако ќе им ги замениме, ако не ги замениме парите би казниле погрешни луѓе, изјави претставник на Банката.