Искина милион евра за да ги казни своите наследници


Една 85-годишна Австријка искинала на ситни парчиња пари во вредност од речиси милион евра за да им наштети на своите наследници, јавија австристриските медиуми.

Имено, по смртта на старицата, чие име не е наведено, на нејзинот кревет во собата во Домот за стари лица каде живеела, биле пронајдени искинати банкноти во вкупна вредност од 950.000 евра, како и неколку штедни книшки која ја „доживеале“ истата судбина како и парите.pari

Државниот обвинител Ерих Хабик ја потврди веста, која прв ја објави на дневниот весник „Курир“, додавајќи дека неможе ништо да направи за да им помогне на наследниците.

Весникот „Курир“ пишува дека роднините на осветољубивата старица сепак ќе бидат оние кои „на крајот најслатко ќе се смеат“, затоа што централната Австриска национална банка најавила дека ќе ги замени искинатите парите.

– Доколку наследниците ги пронајдат сите делчиња од парите и под услов да биде утврдено потеклото на парите, тогаш секако ќе им ги замениме, ако не ги замениме парите би казниле погрешни луѓе, изјави претставник на Банката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1