Епл ја призна грешката на својот Фејс Тајм софтвер , преку кој е овозможено прислушкување на корисниците , па дури и ако не одговараат на повикот.
Компанијата соопшти дека има нова програма со која ќе ја исправи грешката , така што ажурирањето ќе биде возможно од следната недела. Додека се ажурира Фејс Тајм , нема да има можност за групни повици преку оваа платформа. Грешката се јавува кога двајца го користат Фејс тајм , а имаат верзија 12.1 или понова на оперативниот систем на Епла , iOS.
Грешка се јавува и на компјутерите МАК , ако се повикаат преку Ајфон уред. Софтверот за време на групниот разговор го активира микрофонот , дури и кога повикот не е прифатен.
Гувернерот на Њујорк , Ендрју Куомо ги предупреди граѓаните да ја усклучат апликацијата Фејс Тајм додека не се поправи грешката.
,,Фејс тајм баг е невидено кршење на приватноста кое ги доведува во опасност Њујорчаните. Длабоко сме загрижени поради оваа неодговорна грешка , што може да се искористи во бескрупулозни цели.” , изјави гувернерот.