Ископал дупка на плажа, песокот го проголтал жив


Американецот Адам Пај почина на плажа во Северна Калифорнија откако песокот го проголтал жив во дупка длабока околу три метри која сам ја ископал.

plaza-ziv-zakopan-pesak-1406208414-540081Несреќата се случила на само неколку метри од морето, а безуспешно го спасувале дури 30 луѓе, меѓу кои биле и неговите пријатели со кои претходно ја копал дупката.

Откако ја ископале дупката, тој влегол внатре, а песокот почнал да се руши, па пријателите и минувачите очајно, копајци со алати и раце се обидувале да го откопаат.

Пет минути по несреќата, луѓето дошле до неговата глава, а тој бил онесвестен..

На спасителите им било потребно дури 35 минути да го извадат телото на момчето, но тогаш веќе биле безуспешни сите обиди да го реанимираат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1