Искршен прозорец и рекламно пано на штабот на ВМРО ДПМНЕ во населбата 8-ми Ноември во Штип, јави ТВ Ирис.
Позицијата остро реагираше на вандалскиот чин и посочи дека токму зад овој настан стои потписот на нивниот политички противник СДСМ.
Од СДСМ за кршењето на локалниот штаб на ВМРО ДПМНЕ се огласија дека ова е обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги дефокусираат штипјани од денешниот „Марш на слободата“ што се одржува во Штип.
За само една недела се случија два вакви инциденти, претходно беше искршен штабот на СДСМ, а сега на ВМРО ДПМНЕ во населбата 8-ми Ноември, а двата штаба се наоѓаат на растојание од само неколку метри.