Цел свет ги прекина летовите на авионите „Боинг-787“


САД донесоа решение за времено прекинување на летовите на „Боинг-787“, нареден еитен преглед за безбедност, по серијата инциденти со овој вид на авиони, соопшти Федералната авијациска администрација на САД.

avion3Авионите од типот „Дримлајнер“ доцнат и откажуваат летови поради истекување на масло и гориво, имаат проблем со акумулаторите и неисправност во сопирачкиот систем. Со одлуката на Федералната авијациска администрација на САД 30 од 50 авиони „Боинг-787“ во светот засега нема да можат да летаат.

Чилеанската авио компанија „ЛАН Ерлајнс“ соопшти дека ги прекинува летовите на своите три авиони „Боинг-787“ по препораката од САД. И во Јапонија, ќе останат приземјени, како и авионите на„Ер Индија“.

Од компанијата „Боинг“ изјавија дека нивните авиони „Дримлајнер-787“ се безбедни.

– Ние сме убедени дека 787 е безбеден. Ќе ги преземеме сите потребни чекори во следните денови за да ги увериме нашите клиенти и патници во безбедноста на „Дримлајнер“ и авионите ќе се вратат во употреба, наведуваат од компанијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1