Исламската држава објави нова снимка на која се гледа како обезглавува Русин, што секако е директна закана за Путин. Жртвата се претставува како 23-годишен Magomed Kasijev кој објаснува дека се приклучил на Џихадистите, доаѓајќи во Сирија. Наводно, откако Путин ги нападна терористите, тој е обезглавен.
Автентичноста на снимката не е потврдена.
Си-Ен-Ен пренесува дека ова видео е порака за рускиот претседател Владимир Путин, и секако граѓаните на неговата земја.
“Нема да имате мир, за секој наш син кој го убивте овде. За сите нив ќе ви ги уништиме домовите”, стои во видеото.