Исламската Држава сака да создаде „Балканистан“


Безбедносни експерти предупредуваат дека џихадистичката група Исламска држава „го зела на нишан“ Балканот, со идеја да создаде „исламски калифат“ во регионот, наречен „Балканистан“, тврди италијанскиот електронски весник „Италинтермедиа Глобалист“.

Професорот на Белградскиот универзитет и експерт за антитероризам Милан Мијалковски предупредува дека џихадистите се закана што се надвиснува над Балканот.djihad balkan

Според него, позитивен чекор претставуваат мерките на земјите од регинот со кои се предвидуваат строги казни за оние што ќе заминат да се борат на страна на џихадистите во Сирија и Ирак.

– Тие мерки треба да се применат ефикасно, ако се им предвид дека стотици жители на балканските земји, но и од други регион, се борат во редовите на џихадистите, наведува Мијалковски, додавајќи дека државите на Балканот се плодна почва за регрутирање на џихадистички борци.

Според италијанскиот весник, друг проблем се „заспаните ќелии“ на џихадистите, кои ги има насекаде низ Стариот континет и кои во секој момнет се подготвни за акција штом добијат наредба од своите претпоставени.

За многумина од екстермистите, кои се враќаат во Европа по учеството во активните борби на страна на џихадистите, единствена цел е да вршат напади. А Балканот, како што покажуваат фактите, се наметнува како буре барут во кое исламскиот екстремизам се шири со голема леснотија, наведува „Италинтермедиа Глобалист“.

Меѓу балканските земји од каде најмногу се регрутираат џихадисти се Босна и Хервеговина и Косово, во кои доминира муслиманското население, потенцира електронското издание. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1