Исланд соопшти денеска дека ја повлекува кандидатурата за членство во ЕУ.
Тоа се случи две години по доаѓањето на власт на десноцентристичката евроскептична влада, која вети дека ќе го прекине процесот на присоединување кон ЕУ, што започна во 2009.
Министерот за надворешни работи Гунар Браги Свејнсон за таа одлука ја известил Летонија, која е ротационен претседател на ЕУ и која ја информирала Европската комисија.