Испиен, тажен, но сепак со насмевка за камерата – една од последните фотографии на Робин Вилијамс (Фото)


Робин Вилијамс е пронајден мртов во неговиот дом. Имаше 63 години. Актерот се лечел од депресија и постојат сомнежи дека се работи за самоубиство. Истрагата која е во тек ќе покаже дали има вистина во сето тоа.

robin vilijams„Во последно време се бореше со тешка депресија. Ова е трагична и изненадна загуба. Семејството замолува за приватност додека тажи во овие тешки времиња“, изјави неговата менаџерка Мара Буксбаум за СиЕнЕн.
Робин имал проблеми со дрога и алкохол уште од стартот на својата кариера.
Долги години се борел, а во јули бил примен и во клиника за рехабилитиација на таканаречениот 12 чекори програм за рехабилитација.
За време на престојот во клиниката отишол во еден локален ресторан каде е направена и една од неговите последни фотографии кои ја шокираа јавноста. Исушен, тажен, испиен – наместо насмеаниот робин кого сме навикнати да го гледаме.
article-2722409-20758D7B00000578-759_306x423
article-1

“Еден твит не може да се опише големината на срцето на Робин Вилијамс, како талент и неговата душа. Тоа е толку тажно. Тој беше толку дарежлив и брилијантен. Тераше сите да се чувствуваат посебно и еднакви околу него … “, напиша неговиот партнер во филмот” Ноќ во Музејот “ Бен Стилер

Кон тагувањата се приклучи и претседателот на САД Барак Обама. Величејќи го огромниот талент на комичарот, Обама во трогателна изјава го истакна влијанието што Вилијамс што го покажал врз американската култура во последните 35 години.

Robin-Williams2-612x320“Робин Вилијамс беше Авијатичарот, лекар, дух од светилка, дадилка, претседател, професор, Петар Пан и сè друго. Но тој беше единствен. Тој пристигна во нашиот живот како туѓинец и на крајот го допре секој аспект на нашиот човечки дух “, вели во изјавата Обама. ”Тој не тераше да се смееме, не тераше да плачеме. Тој го делеше неговиот неизмерим талент слободно и великодушно на оние кои имаа најмногу потреба – од нашите војници зад граница, до најмногу запоставени на нашите улици. Семејството Обама изразува сочувство на семејството на Робин, неговите пријатели и на сите останати кои се возхитуваа на Робин Вилијамс “, додава претседателот.

Животот на Робин Вилијамс како и на многумина други е исполнет со подеми и тешки моменти, но тој ја задржува искрата на хумор и достоинство кои го прават толку човечен и и неверојатен.

Еве дел од неговите изреки на пример како ги коментира опасностите од алкохолот и дрогата:

“Кокаинот е начин Господ да ви покаже дека заработувате премногу пари”.

За разликите меѓу жените и мажите, тој вели:

“Една жена никогаш нема да направи нуклеарна бомба. Таа никогаш нема да направи оружје што убива. Не. таа ќе направи оружје, што ќе ве натера да се чувствувате лошо долго време”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1