Вчера околу 12,30 часот во ПС Штип од Клиничката Болница било пријавено дека кај нив е донесено затруено женско лице.
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и било утврдено дека истиот ден околу 12,20 часот, на Интерно женско одделение била донесена 46 годишна штипјанка која се обидела да се самоубие, пиејќи одредена количина на солна киселина.
Поради животна опасност веднаш била препратена во Клиниката за Токсикологија при КЦ – Скопје за понатамошно лекување.