Испив пола литар ракија, пред да ја запалам жена ми – ужасна исповед


– Застанав на бензиска да наполнам гориво во кантичка бидејќи немав во автомобилот. Патем, поминав од станот, бидејќи претходниот ден со Светлана имавме расправија. Штом влегов, таа почна да ме навредува. Тогаш ми падна мрак пред очи, со овие зборови се правда Радан У. кој ја запалил својата сопруга со бензин во нивниот стан во Батајница, крај Белград.

rakija alkohol

На сослушувањето тој изјавил дека се сомневал дека сопругата го изневерува, а рекол и дека се кае за тоа што го направил. Според неофицијални информации од истрагата, Радан изјавил дека немал намера да го стори тоа, туку свртаил во станот за да поразговара со неа.

Како што самиот признал, ја полил жената со бензин, но тврди дека не се сеќава како се случило да ја запали.

– Кога ја видов дека гори се обидев да ја изгаснам, но таа врескаше и бегаше од мене. Оганот ја ​јата рака, изјавил тој.

Несреќната жена излетала во ходникот, а тука се нашол соседот Милан Добриќ кој и помогнал. Во понатамошното сослушување, Радан рекол дека тоа го направил во момент на бес, затоа што наводно, утрото ја пронашол својата сопруга во прегретките на друг човек.

– Бев многу лут, па отидов кај моите. Таа дојде и ме убедуваше дека не сум во право, но јас не и верував. Испив сигурно околу пола литро ракија пред да отидам кај неа. Само сакав да разговарам со неа, а се случи трагедија, рекол осомничениот Радан У.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1