Хедер пораснала во семејство во кое сите се „прегрнувале како роботи“, во кое интимноста се избегнувала по секоја цена. Таа ги поминала детството и раната младост, мечтаејќи за љубов на прв поглед, за совршена врска и страствен секс. Но, во 30-тата година влегла и понатаму како девица.
Тогаш открила дека забранетото овошје е всушност најслатко. Почнала да излегува само со оженети мажи и набрзо согледала дека не е само сексот одличен, туку и со овие мажи нема никаква иднина. Тоа ѝ се допаднало.
„Дали се ова врски без никаква иднина? Да, но што има врска? Што ако не сакам да се впуштам во долго патување, во кое сценариото секогаш се менува? Што ако сакам „кружен тек“? Терминот „слепа улица“ често се користи во вакви ситуации, но тоа значи дека на нештото ќе му дојде крај. Ќе дојдете до крај, ќе мора да се свртите и да се вратите. Но, врската со оженет маж е всушност како кружен тек, кој поврзува повеќе улици, и јас секогаш можам да излезам од него на повеќе начини“, вели таа.
Иако најголемата маана во врската со оженет маж е тоа што знаете дека тој ќе ѝ се врати на сопругата, Хедер вели дека ужива кога ги гледа како си заминуваат.
„Можеби, знаете, како баба која е горда на внучето кое расте, што ќе се осамостои и ќе стане нечија туѓа одговорност, јас задоволно гледам како моите мажи заминуваат. Ги пуштам да им се вратат на своите сопруги. Кога ќе ја затворам вратата и ќе заклучам, сум сама. Благословено сама. Сама гледам како ми се појавуваат брчки на лицето, сама ги забележувам седите влакна во косата. Мажите со кои се гледам не ја поминуваат ноќта кај мене. Ноќта е за семејството“, вели Хедер.
Затоа сака навечер да чита, без притисок да мора да изгледа убаво за мажот. И задоволна е со таков живот. Таа своите оженети љубовници ги испрашува за своите семејства и како воајер, набљудува како функционира сето тоа. Но, не сака и самата да го има тоа.
„Поминаа 15 години од кога последен пат го видов Џек. Еден колега неодамна го сретнал. ’Како изгледа?’ го прашав. ’Изгледа… старо’ ми одговори смеејќи се. Кога мислам на него, тој остана онаков како што го знаев. Тој остарел, се променил, но ако јас не сведочев на неговата промена, како да не се случила“, смета таа.
Хедер засекогаш ќе остане „втората жена“ и е сосема задоволна со таа положба.