Канал 5 остана без еден од најдобрите водители – Ненад Ѓоргиевски си замина од Канал 5 телевизија


Водителот којшто на Канал 5 телевизија ги водеше некогашните „Екстра Ексклузив“ и „Само кеш“, а до минатата недела беше домаќин и во Отвореното студио на „Ѕвездите на Гранд“, Ненад Ѓоргиевски повеќе не е дел од тимот на Канал 5.

nenad

 

Тој веќе три години беше дел од водителскиот тим на телевизијата, а одлуката да си замине од таму ја донел поради преголемите обврски наметнати од телевизијата и несогласувањата околу неговиот ангажман. Освен работата како телевизиски водител, тој е сопственик и генерален менаџер на Хит Медиа, маркетинг агенција во чиј склоп се и неколку познати веб-портали како и првото комерцијално интернет Радио Хит.

Пред да работи во Канал 5, Ненад долги години беше препознатливо лице на А1 телевизија, а која телевизиска куќа во иднина ќе биде неговиот дом останува да видиме.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1