Кејти Бирс, 30 – годишна Американка која во 1992 година била киднапирана ден пред својот 10ти роденден и 17 дена поминала затворена во контејнер под земја, денес вели дека тоа е “најдобро нешто што и се случило”
Имено, киднаперот кој ја киднапирал Кејти ја спасил од кумот кој ја силувал со години.
Новинарката која го пратела случајот напишала книга базирана на сеќавањата на девојката „Закопани сеќавања: приказна за Кејти Бирс”.
Таа вели дека киднаперот Џон Еспозито со тоа што ја киднапирал практично и го спасил животот.
По пријавувањето на киднапирањето, полицијата спровела акција за пронаоѓање.
Кога го пронашле девојчето дознале дека мајката Merilin Birs ја запоставувала, а кумот ја силувал со години.
Таа деновите ги поминувала валкана полна со вошки, немала пријатели со кои би можела да се дружи.
Ја третирале како слугинка која им купува храна и цигари.Девојчето е одземено од мајката и дадена била во семејство на чување.
Џон Еспозито, кој инаку бил пријател на семејството е уапсен поради киднапирање на 10 – годишно девојче, и го признал делото.
Но тој е осуден само за киднапирање, а не и за силување иако Кејти сведочела дека во мрачниот подрум не спиела зошто се плашела дека и во сон ќе се симне да ја силува.
Инаку,кумот кој ја силувал Кејти, добил 12 години затвор, починал во затворот во 2009.
Книгата има среќен крај бидејќи Кејти е сега мајка на две деца, дипломирала менаџмент и работи на продажба на осигурување. Живее во Пенсилвенија.