Исповед на девојка: Киднапирањето ме спаси од кумот кој ме силуваше (Фото)


305133_katie-beers-04apfoto-frank-eltman_ff

Кејти Бирс, 30 – годишна Американка која во 1992 година била киднапирана ден пред својот 10ти роденден и 17 дена поминала затворена во контејнер под земја, денес вели дека тоа е “најдобро нешто што и се случило”

Имено, киднаперот кој ја киднапирал Кејти ја спасил од кумот кој ја силувал со години.

Новинарката која го пратела случајот напишала книга базирана на сеќавањата на девојката „Закопани сеќавања: приказна за Кејти Бирс”.

305132_katie-beers-02apfoto-alex-brandon_ffТаа вели дека киднаперот Џон Еспозито со тоа што ја киднапирал практично и го спасил животот.

По пријавувањето на киднапирањето, полицијата спровела акција за пронаоѓање.

Кога го пронашле девојчето дознале дека мајката Merilin Birs ја запоставувала, а кумот ја силувал со години.

Таа деновите ги поминувала валкана полна со вошки, немала пријатели со кои би можела да се дружи.

305131_katie-beers-01apfoto-alex-brandon_ff

Ја третирале како слугинка која им купува храна и цигари.Девојчето е одземено од мајката и дадена била во семејство на чување.

Џон Еспозито, кој инаку бил пријател на семејството е уапсен поради киднапирање на 10 – годишно девојче, и го признал делото.

Но тој е осуден само за киднапирање, а не и за силување иако Кејти сведочела дека во мрачниот подрум не спиела зошто се плашела дека и во сон ќе се симне да ја силува.

Инаку,кумот кој ја силувал Кејти, добил 12 години затвор, починал во затворот во 2009.

Книгата има среќен крај бидејќи Кејти е сега мајка на две деца, дипломирала менаџмент и работи на продажба на осигурување. Живее во Пенсилвенија.

ХИРУРЗИ ОСТАВИЛЕ ВО ТЕЛОТО НА БАНКАР ДУРИ 16 ПРЕДМЕТИ ПО ОПЕРАЦИЈА
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1