Исповед на доктор кој пиел масло од канабис: „Имав рак, во живот ме врати марихуаната”


На педесетгодишниот лекар од Србија пред шест месеци му бил откриен карцином на белите дробови со метастаза на лимфните чворови. Стадиум два на три. Почнал да употребува масло од канабис, пренесува српски Блиц. Веста дека постои можност да се легализира марихуаната во медицински цели поради тоа, тој целосно ја поддржува.

„Колегите веднаш направија се` за да ми помогнат. Дијагнозата и биопсијата беа готови за седум дена. После почетниот шок, решив да тргнам во борба против еден многу незгоден противник“, ја започнал својата приказна П.Б. за српски „Блиц“.lekar treva
Како поборник на класичната медицина, почнал да оди на хемотерапии и оттогаш до денес поминал низ пет циклуси. „Ги вклучив сите возможни алтернативи. Користев разни препарати, капки, сируп од манастир… За маслото од канабис сум чул, но бидејќи е надвор од законот и е казниво, ми беше тешко да го набавам и да го убедам продавачот на црно дека не сум некој провокатор“, раскажува П.Б.

Пред да ја започне терапијата се распрашал дали ќе може да работи. „Се` што чувствувам кога го користам маслото е сува уста и понекогаш благо минливо чувство на лебдење во главата“, објаснува П.Б.

Последните наоди на неговите бели дробови се зачудувачки. „После само три месеци се покажа дека карциномот се намалува, а последниот наод од скенер е уреден. Мојот радиолог е воодушевен. Му кажав на онкологот дека користам масло од канабис, на што слегна со рамениците и ми рече да користам се` што мислам дека може да ми помогне“, вели П.Б.

И во светот постојат бројни полемики за користењето на марихуана. „Не постојат цврсти докази дека марихуаната помага, но го поддржувам продолжувањето на експериментирање со канабис во цел на пронаоѓање најдобро решение за болните“, неодамна рече др. Кат Арни, прочуен лекар кој се занимава со испитување на туморот.

BabinLek.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1