Фронтменот на “Бијело дугме” открил во документарниот филм за 40 – години од работата на групата, дека се дрогирал, односно шмркал кокаин за воопшто да може да ги напише текстовите за албумот “Шта би дао да си на мом мјесту”.
-Имав рок од десет дена да ги завршам текстовите. Ме ставија на кокаин за подолго да бидам буден. Никогаш немаше да стигнам да направам тоа се да не ме примораа, искрено одговорил Брега и додал дека освен кокаин како тинејџер коснумирал ЛСД.
-Како момче од 16 до 18 години мозокот го исушив од толку ЛСД што никогаш повеќе не работеше нормално, се отворил фронтменот на легендарната ју – група.