Исповед на киднапираниот скопјанец: „Со својата крв пишував пораки за спас“


На 27 годишниот скопјанец ќе му треба време за да може физички да закрепне од ќотекот и малтретирањето кој го трпел 13 часа додека била држен во заложништво во стан во Скопје. Тој за Канал 5 раскажа што се претрпел во неделата кога двајцата осомничени браќа и нивниот другар се изживувале врз него.

И покрај стравот и физичкиот и психичкиот стрес, момчето реши да раскаже за својата голгота. Тој тврди дека тепачите не ги познавал претходно и дека не е точно дека ги измамил, како што изјавиле тие во полиција. Вели дека со насилниците се запознале 10-тина дена претходно, за да им изнајми стан под кирија.kidnapiraniot-skopjanec500

Според неговите зборови, тепачите од него сакале да изнудат материјална корист. Сакале да им се препише станот кој го изнајмиле.

Во текот на 13 часови заложништво, скопјанецот бил принудуван да пие алкохол и некаква дрога и неколку пати се онесвестил. На момент сакал да се фрли од прозорец и да си ги скрати маките. А за цело време додека бил мачен насилниците го снимале со мобилните телефони.

Полицијата ги уапсила насилниците во станот, а внатре биле пронајдени сите докази. Крвавите алишта на тепаниот, ножевите, палиците, каишите со кои бил тепан. Тие не се во притвор, туку на слобода. А, мојот соговорник повторно стравува за сопствениот живот.

Двајцата браќа и нивниот другар досега не биле осудувани, велат од МВР. Тепаното момче не може никако да си објасни во какви ѕверови се претвориле тројцата скопјани кои уживале во сите мигови додека врз него се изживувале.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1