Случка која му го загорчила животот – Почнал да пие, но не пронашол утеха. Се обидел да се убие, но куршумот го промашил срцето, по што останал парализиран врзан за инвалидска количка. Неговиот пекол прекинал оној ден кога сопругата го убедила дека има талент за слушање други луѓе и дека треба да им помогне на сите кои имале слично искуство.
Кога американскиот маринец Џереми Арбогаст пристигнал во куќата кај својот поранешен претпоставен, и наредник по чин, на себе носел скриен прислушкувач. Планот бил едноставен, но ризичен, да го натера наредникот да признае дека го силувал за време на воената вежба.
Му реков дека мораме да разговараме за тоа што се случило за да побарам експертска психијатриска помош. А тој веднаш почна да зборува. Не знам што му беше. Почна да објаснува: „Го направив тоа, тоа и тоа. Без каење, без ништо“, вели Арбогаст.
Наредникот ладнокрвно раскажал се што му направил на Арбогаст, целосно оживувајќи ги сеќавањата на силувањето. Признанието е снимено, но довело до тоа да поранешниот маринец повторно доживее траума. За време на силувањето Арбогаст бил без свест. Лекарите сметаат дека бил дрогиран – и со месеци не се осудувал да го пријави случајот.
Кога го пријавил, воениот суд бил премногу благ кон силувачот. Го осудил поради, непримерно однесување. На Арбогаст му биле потребни пет години за да формално се повлече од маринците поради здраствени проблеми. А потоа го чекало соочување со цивилниот живот и сеќавање на траумата. Маките на Арбогаст продолжиле уште седум години, период во кој бил во тешка депресија, имал ноќни кошмари и пател од несоница.
Се развел па повторно се оженил. Почнал да пие, но не пронашол утеха. Се обидел да се убие, но куршумот го промашил срцето, по што останал парализиран врзан за инвалидска количка. Неговиот пекол прекинал оној ден кога сопругата го убедила дека има талент за слушање други луѓе и дека треба да им помогне на сите кои имале слично искуство.
Почнал да држи говори, а неговиот живот добил на смисла. Се вклучил во параолимписките спортски игри и освоил неколку медали во возење точак и пливање. „Постои огромна разлика меѓу трагедијата во која сам се нашол и онаа во која се наоѓам сега“, вели Арбогаст.