Исповед на поранешен џихадист: Сè беше моја вина, слепо им верував!


Има многу такви кои пристапиле кон ИСИС, без да знаат во што се впуштаат. Кога сфатиле веќе било предоцна.

20-годишниот Акрам Ахмед работел во сервис за поправка на мобилни телефони кога му пришол човек за кого знаел дека е припадник на ИСИС.dzihadist-640x432

Исламистите му наложиле пред нападот на Киркук со мобилен телефон да ги снима клучните владини згради и да најде слаби точки, кои потоа би се искористиле за влез во градот. Многу локации кои Ахмед ги снимил потоа навистина биле нападнати минатата година.

“За сè што се случи јас сносам одговорност. Сè е моја вина”, рекол Ахмад додека му трепереле усните.

“Цело време мислам на тоа. Таму имав и некои пријатели”, додал тој.

Тој нагласува дека во тоа време многу малку сфаќал каков е животот под ИСИС. Живеел далеку од приказните за погубувањата и пропагандните снимки. Денес, вели, длабоко жали за сè што направил.

Има многу такви кои пристапиле кон ИСИС, без да знаат во што се впуштаат. Кога сфатиле веќе било предоцна.

“Се надевам дека за мене ќе има место во заедницата. Сега ако излезам на улица, луѓето би рекле дека сум ги убил нивните деца. Доколку одам во џамија ќе кажат дека сум ги убил нивните деца. Доколку сакам да се женам, ќе речат тој ги уби нашите деца”, вели Ахмед.

И други заробеници, како Ахмед, велат дека не сакаат да имаат ништо со калифатот, меѓутоа не се убедени дека сето тоа среќно ќе заврши.

“Во Ирак имаат толку ќелии што ќе преживеат. Дури и да го изгубат Мосул пак ќе бидат во Ирак”, рекол затвореникот Абделрахман за озлогласените џихадисти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1