Исповед на Роби Вилијамс: Поради болест морав да се откажам од мојата најголема љубов


Роби Вилијамс јавно проговори за болеста поради која морал да се откаже од сложените кореографии на неговите концерти.robi-vilijams

Всушност, како и другите ѕвезди, и британскиот заводник освен на музиката е посветен и на танцот, но сега откри дека морал да ги поедностави танцовите чекори, откако му бил дијагностициран артритис.

– Јас имам артритис, па не можам да удирам ни топка. Тетивите се многу ослабени, а играм како пијан татко на венчавка, се пожали тој во интервју за „Евенинг Стандард“.

Тој призна дека во животот многу од тоа променил по дијагнозата, а најтешко му било да се откаже од неговата најголема љубов, фудбалот и танцот.

Пред девет години тој беше на одвикнување од кокаин, хероин и други дроги, но тој призна дека и денес се бори против нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1