Исповед на сексуален роб: Ме киднапираа, морав да спијам и со жени и со мажи


Бекунда Сандеј бил 24-годишно момче на чија среќа немало крај кога нашол работа во Кенија. До тогаш тој студирал туристички менаџмент во Кампала, главниот град на соседна Уганда и едвај спојувал крај со крај. Тогаш не ни претпоставувал дека новата работа ќе го однесе право во канџите на проституцијата.

Еден човек со име Чарлс му понудил работа во фабрикаво Најроби во која само два дена по доаѓањето, завршил врзан за маса, во долна облека и со пластична кеса околу вратот. Наивниот Бекунда не бил свесен за тоа дека оваа фабрика всушност е жариште за сексуални робови!zatemneto lice maz

Првиот пат се исплашил дури кога влегол во двокатница во Најроби и забележал тројца мускулести мажи во дневната соба, а еден од нив му рекол: „Соблечете се“.

Откако го соблекле „до гола кожа“ и го претепале, три месеци ги поминал затворен во мала соба во која морал да спие и со мажи и со жени. Често морал да глуми според сценарија кои ги добивал, додека неговите киднапери го снимале.

Оваа приказна е една од ретките, бидејќи повеќето луѓе сметаат дека жените се оние со кои се тргува како со сексуални робинки. Меѓутоа, постои и мала група на мажи кои ја доживуваат оваа мрачна судбина.

Во Кенија дури 23 отсто од странците кои влегуваат во таа земја се мажи кои најчесто се принудени да работат на плантажи за кафе или чај, за подоцна да бидат сексуално искористени.

Навистина, жените и девојчињата и понатаму ги сочинуваат 89 отсто од целите, но собирањето податоци за мажите е дополнително отежнато бидејќи тие честопати повеќе се плашат или срамат јавно да зборуваат за тоа што им се случило. Тоа е посебно често меѓу мажите кои се силувани или присилени на секс со други мажи, што секогаш претставува табу тема во земјите како Уганда, Кенија и Танзанија.

А, токму поради тоа што за оваа тема малку се зборува, младите момчиња како Сандеј стануваат лесни цели. Имено, тој воопшто не се посомневал во намерите на Чарлс, кога тој му пристапил нему и на уште шест момчиња и девојки, ниту се загрижил кога ги известил дека во Кенија ќе влезат со користење на нелегални премини.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1