Исповед на стјуардеса: Животот ми се претвори во кошмар – имам 28 год, а веќе ми пукаат вените


„Имам 28 години, а веќе ми пукаат вените на нозете. Кога последен пат добив три дена слободни, на секој час ми течеше крв од носот. Помнењето ми е никакво, а да не споменувам дека за нормална врска или пријателство овде можам само да сонувам.“

avion-izmir

Вака својата приказна ја започнува стјуардесата С.Б. од Белград, која последната година работи во авиокомпанија од Блискиот Исток. Но, нејзината животна сторија ја делат многу девојки, како од нашата земја, така од целиот регион, кои за подобра заработувачка и можности за патување кои инаку не би можеле да си ги дозволат, се одлучуваат да работат како стјуардеси на примамливите огласи за работа организирани од големите авиокомпании од богатите азиски земји.

Како што вели таа, на конкурсот за работа се појавила сосема случајно, а работата ја добила неочекувано, уште од првиот обид. Тогаш оваа работа и изгледала како остварување на соништата.

– Патувања низ целиот свет, добра заработка, запознавање на нови луѓе, нови култури… – сето тоа ми звучеше примамливо и навистина е искуство кое не можам да го одречам, но тој живот е далеку од оној гламур каков што го замислуваш како дете, изјавува таа за српскиот портал „24 сата“.

Стјуардесата вели дека проблемите со вените и помнењето, во сиот тој кошмар низ која стјуардесите поминуваат, делуваат како најбезопасни, бидејќи секојдневните маки со кои се бори ја ставаат оваа работа рамо до рамо со најстресните професии во светот.

– Џет летовите, ненаспаноста, константната главоболка, отечените и болни стапала, се само некои од физичките проблеми што ги добив. Тоа во суштина е многу нездрав живот. Заради специфичниот распоред имам нередовни оброци, а често се храниме во самиот авион каде храната е преполна со масти и сол, подготвена е пред шест месеци, а потоа замрзната, открива оваа белграѓанка.

Работите за неа во последните година дена толку се промениле, што сега начинот на живот кој го имала во Србија го доживува како сон.

Заради правилата кои во муслиманските земји мора строго да се почитуваат, таа не смее да преспие во туѓ стан, како што и никој гостин не смее да преспие во нејзиниот, а алкохолот е толку строго забранет што од време на време доаѓале контроли за да проверуваат дали се кријат забранети шишиња со алкохол. При оваа проверка, се прегледувале и шишињата со парфеми и шампони, да се осигураат дека алкохолот не е прошверцуван на никаков начин. Исто така, ниту контролите за уредност на станот не биле невообичаени.

Сепак, таа вели дека најголема мака од сето ова и’ претставува недостатокот на услови за нормална врска и пријателства.

– Повеќето луѓе овде работат привремено и ова им е транзитна дестинација, па така тие во твојот живот влегуваат само на неколку месеци. Заради тоа многу е тешко да се изгради стабилно пријателство или врска. Доколку се спријателам со некои колеги, мали се шансите дека наскоро ќе се видиме заради распоредот на летање, а кога ќе добијам слободен ден, најчесто сум премногу изморена за какви било акции“, се жали стјуардесата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1