Исповед на таткото на убиениот Иван: Го одвлекол син ми и викал: Оставете ме да го докрајчам!


Тоа момче го избоде мојот син, немаше милост. Наводно викал “пуштете ме да го докрајчам” – вели Драган Адамов, татко на Иван (16), момчето кое до смрт беше избодено во четвртокот вечерта од една година постариот Н.С. (17).

Тепачката била договорена кај спортскиот центар во Панчево како би момчињата си ги одмерат силите. Убиениот Иван бил со уште двајца другари додека Н.С. бил со тројца другари, но тие се тепале еден на еден.

– Мене другарите на Иван, кои биле таму кога е убиен ми кажаа дека тоа момче го повикал и побарал да се најде со него. Кога се нашле со Иван, почнал да го влече. Го влечел неколку метри, го однел во мрак и го убил. Тогаш почнал да вика да го пуштат да го докрајчи – вели таткото на убиеното момче, Драган Адамов за белградските медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1