Исповед на жената која 6 години не ја измила косата


Прв пат за оваа работа слушнав од една стара пријателка која ја сретнав сосема случајно. Имаше прекрасна и брановидна коса, сјајна и нежна.

Кога ја прашав која е нејзината тајна ми откри дека престанала да се мие со шампон.

Идејата ми дојде грозна од почеток, но нешто во главата ме убедуваше да пробам. Си викав, ако неа и успеало зошто не би можело и мене?kosa 33

Мојата коса е во ред, само се мрси многу брзо. Затоа веќе подолг период ја миев секојдневно со шампон, но работите се влошуваа, таа стануваше наелектризирана и сува.

Конечно неколку месеци подоцна кога бев на одмор во Тајланд, решив дека е идеално време да го испробам рецептот на пријателката. Се убедував дека сум на плажа, па мрсната коса нема толку да се познава.

Но, не ни претпоставував што ќе се случува во првите недели.

Бев непријатно изненадена и пробував на секој можен начин да се сокријам. Ја собирав косата во опавче, ја врзував со марами, ставав венчиња, само за да не ми се гледа масниот корен. Речиси бев подготвена да се откажам.

1kosawash

Кога се вратив од одмор ја измив косата темелно, но сепак без шампон.

По 6 недели работите конечно се променија. Сувата кожа на темето и масниот корен полека се повлекуваа. Косата не изгледаше прекрасно, но барем изгледаше нормално.

Некако успеав да издржам и да стигнам до делот каде се случи магија.

Не правев ништо поразлично, но мојот скалп едноставно престана да се мрси. Кожата на главата ми се нормализираше и имав прекрасно влакно.

Еднаш кога ќе престанете да си ги оштетувате кожата и косата со хемикалии, очигледно тие сами се одржуваат.

Сега со нетрпение чекам да ме прашаат која е тајната за коса како мојата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1