Идентификуван организаторот на убиството – 80 000 евра била уценета главата на Немцов


Главата на Немцов била вредна 80.000 евра!

Руската истражна комисија идентификувала маж за кого се вели дека е организатор на убиството на рускиот опозиционен политичар Борис Немцов.nemcov

Маж, познат под името Руслик, им дал оружје и автомобил на лицата кои се осомничени дека се непосредни извршители на убиството на Немцов кое се случи во центарот на Москва на 27-ми февруари.

Руслик на извршителите на кривичното дело им ветил по пет милиони рубљи (околу 80.000 евра), пренесува Русија денес, додавајќи дека истражителите веруваат дека тој е и нарачател на убиството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1