Исповед на жената која ја пробувала храната за отрови пред Хитлер да јаде (Видео)


Маргот Велк повеќе од две години ја дегустирала храната која била сервирана за Адолф Хитлер, како еден вид на германски филтер, за да случајно истата не биде отровна. Додека нејзините сограѓани добивале ограничување на количините на намирниците на одредени точки, таа конзумираа свежо овошје и зеленчук, вклучувајќи и шпаргла, пиперки и грашок. Госпоѓа Велк, која денес има 95 години, била една од десетте жени во службата на Хитлер во неговото седиште на источниот фронт, познат како „Волчјо дувло“.

adolf_1360594431_420x0Тука е доведена во 1942 година, а откако ја бомбадирале нејзината куќа, била евакуирана од Берлин во селото Грос Парч во Источна Прусија (денес составен дел на Полска)
„Се разбира дека се плашев. Да беше храната отровна јас немаше да бидам жива. Моравме сето тоа да го јадеме, немавме избор“, вели Велк.
Секој ден меѓу 11 и 12 часот сите 15 жени моравме да ја пробаме храната под надзор на припадниците на СС. Дури потоа храната беше транспортирана до штабот на Хитлер.
„Беше вегетаријанска храна. Доста вкусна, со свежи намирници, од шпаргла, пиперка, до грашок со ориз и разни салати. Се беше убаво наредено на чинијата, исто како што беше доставено“, се сеќава Маргот Велк, додавајќи дека членовите на СС, секогаш чекале да помине еден час, пред на Хитлер му биде однесена храната, за да се осигураат дека жените се здрави.

hitlerМаргот Волк живеела во куќата на нејзината свекрва надвор од зградата на главниот штаб се до неуспехот на атентатот на Хитлер кој се случил во јули 1944 година, кој го организирал гроф Клаус Шенк фон Штауфенберг. По тоа биле затворени во училишната зграда, а свекрвата, која живеела во близина, е забележана само за викендот, секогаш под надзор на припадник на СС.
Кога Хитлер во ноември 1944 година, го напуштил Волчјото дувло, еден од високите офицери и помогнал на Маргот да се врати во Берлин, криејќи ја во возот на шефот на пропагандата на Јозеф Гебелс.Се претпостаува дека останатите дегустаторки биле убиени од страна на Русите.
Во 1946 година, повторно самата се нашла со својот спопруг, за кого мислела дека загинал во војната. Живееле заедно се до неговата смрт во 1990 година.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1